Новиот Porsche 911 GT2 е најмоќниот 911 на сите времиња! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот Porsche 911 GT2 е најмоќниот 911 на сите времиња!

700 коњски сили и 750 Nm вртежен момент – сосем доволно за „стотка“ за 2.8 секунди и максимални 340 километри на час!

Porsche го искористи моторот од монструозниот 911 Turbo S (кој веќе има на располагање 580 коњски сили и забрзува до 100 километри на час за 2.9 секунди) и го доработи за да испорачува вкупно 700 коњски сили и 750 Nm вртежен момент. Понатаму, решија да го отстранат погонот на сите четири тркала и сите тие коњски сили да се пренесуваат исклучиво кон задните тркала преку PDK автоматски менувач. Во суштина – тоа е рецептот за GT2, а резултатите?

Застрашувачки, во најмала рака. Мега-купето на Porsche забрзува до 100 километри на час за само 2.8 секунди и постигнува максимални 340 километри на час. Овој ѕвер е веќе подготвен да поставува рекорди – веќе се најавува дека поставен е нов рекорд на Nurburgring и дека на 911 GT2 му требаат помалку од 7 минути да го помине Зелениот Пекол. Ако земеме во предвид дека на 918 Spyder му се потребни 6 минути и 52 секунди, а на 911 GT3 му требаат 7 минути и 12 секунди, воопшто не би не изненадило доколку 911 GT2 отиде под границата од 7 минути. Porsche веќе најави дека кога ќе се обидуваат да постават време на Nurburgring, тоа ќе биде со целосно стандардно возило.

На купувачите, покрај титаниумскиот издув и другите ексклузивни додатоци, ќе им биде достапен и Weissach пакетот, кој дополнително ја намалува тежината за околу 30 килограми. Страшно!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.