full screen background image
Search

Вечерва на полноќ поевтинуваат горивата!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва на полноќ ќе купуваме поевтини бензини и дизел!


Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени на горивата се намалуваат за 3.48 проценти.

Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 2 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 60.50 односно 62.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 1.5 денари, и еден литар дизел гориво од вечерва ќе чини 46.50 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.