full screen background image
Search

SEAT во Барселона ја претстави новата Arona!

Базирана на новата Ibiza, новата SEAT Arona ќе ја прошири понудата на шпанскиот бренд во сè попопуларниот сегмент!

Новата Arona ќе биде поставена под Ateca во гамата на Seat. Компактниот кроосвер е базиран на новата Ibiza, но има свој визуелен идентитет кој го дефинираат големите отвори за воздух, аглестите форми и заштитните пластични панели. Секако, и Arona ќе добие цела гама на нови технологии, а централната конзола е завртена кон возачот со цел да го истакне возачкото искуство.

Arona ќе може да се добие со грст системи за безбедност – Blind Spot Detection, Rear Traffic Alert, адаптивен темпомат, Front Assist, Multi-Collision Braking, како и систем за асистенција при паркирање. Купувачите ќе можат да нарачаат и безжично полнење за мобилен уред, паркинг камера и мултимедијален уред со 8-инчен дисплеј.

Понудата на мотори содржи TSI турбо-бензинци и TDI турбодизели. Бензинците се во форма на 1-литарскиот TSI кој ќе се нуди со 95 или 115 коњски сили, како и 1.5-литарскиот TSI со 150 коњски сили во FR изведбата. Доколку сакате турбодизел, тука е 1.6-литарскиот TDI кој ќе се нуди со 95 или 115 коњски сили. На некои пазари ќе се нуди и 1.6-литарски MPI атмосферски бензинец со 110 коњски сили, а понатаму ќе се понуди и 1-литарски TSI кој ќе испорачува 90 коњски сили и ќе работи на природен гас.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.