full screen background image
Search

Започна производството на новата Ford Fiesta

Ford тукушто започна со производство на новата генерација на Fiesta во фабриката во Келн, Германија.

Производителот инвестираше 293 милиони евра за да го усоврши производствениот процес во фабриката во која ќе го создава новиот модел, со очекување дека по еден примерок ќе ја напушта лентата на секои 68 секунди.

Новата Fiesta ќе биде достапна во пет изведби: спортската ST-line, високо опремените Vignale и Titanium, теренски ориентираната Active и врвната Fiesta ST, од кои последните две ќе пристигнат следната година. Новата генерација е подолга и поширока од нејзиниот претходник, а компанијата гарантира значително подобрување во квалитетот и завршната обработка, која се очекува да биде најдобра во класата.

Палетата на погонски единици е намалена на три-цилиндарски бензински агрегати и четири-цилиндарски дизел мотори. Fiesta ST ќе биде погонувана од 1.5-литарски три-цилиндарски турбо-бензинец со систем за деактивација на цилиндри и 200 коњски сили, кои и овозможуваат забрзување од 0-100 км/ч за 6.7 секунди, како и емисија на CO2 издувни гасови од само 114 грама на километар.

Во понуда ќе бидат и навистина широк асортиман на системи за асистирање на возачот, вклучувајќи детекција на пешаци, прерупредување при опасност од судир, активно асистирање при паркирање, адаптивен темпомат, предупредување за објект во мртва точка, предупредување за напуштање на коловозна лента и така натаму.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.