full screen background image
Search

Ferrari го прошири својот величествен музеј со две нови изложби

Оваа година Ferrari ја слави 70-годишнината на брендот и го искористи овој јубилеј за да го прошири својот официјален музеј.

Изложбените простори се проширени со ново крило кое се протега на повеќе од 600 квадратни метри и заедно со него музејот сега опфаќа површина од 4,100 квадратни метри. Конструкцијата е поврзана со главната зграда со продолжена стаклена фасада. Покрај тоа, отворен е и нов мултифункционален простор од 300 квадратни метри, кој може да смести до 250 луѓе за најразлични настани, конвенции и едукативни активности.

Првиот нов изложбен простор е наречен „Under the Skin“ (Под кожата) и се фокусира на иновациите на производителот, и прикажува серија од исклучителни автомобили почнувајќи од 125 S – првиот автомобил на компанијата. Исто така, тука се и неколку технички цртежи од историската архива на „Разјарениот Коњ“, а изложени се и различни дизајни на моторни единици.

Ianugurazione mostra del Design Museo Ferrai Maranello 25/05/2017

Вториот дел е наречен „Infinite Red“ (Бескрајно Црвено) и го слави 70-тиот роденден на брендот со некои од најексклузивните тркачки и цивилни модели на Ferrari кои биле некогаш произведени. Тука се вклучени 500 F2, F2004, и F2008 болидите од Formula 1, а покрај нив се наоѓаат и 250 GT Berlinetta Tdf, 250 GT Berlietta SWB и 250 GTO. Поновата историја од Ferrari ја презентираат неколку ограничени серии како F50, Enzo и LaFerrari. Секако, тука е и нехомологираната верзија FXX K наменета исклучиво за употреба на тркачки патеки.

Изложбата „Under the Skin“ ќе остане во музејот до Ноември 2017, додека „Infinite Red“ ќе може да се погледне во Маранело до крајот на оваа година.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.