Land Rover претстави нови мотори за Evoque и Discovery Sport – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Land Rover претстави нови мотори за Evoque и Discovery Sport

Land Rover додава три нови погонски единици во палетата на мотори кај новите Range Rover Evoque и Discovery Sport.

Првиот агрегат е наречен Si4 240 и претставува четири-цилиндарски турбо-бензинец кој испорачува 237 кс и 340 Nm кај обата модели. Благодарение на малку помазната форма на Evoque, кај него агрегатот конзумира 7.3 литри на 100 километри, додека во Discovery е малку пожеден со 8 литри на 100 километри.

Вториот нов бензински агрегат наменет за придвижување на двата модели е Si4 290, кој нуди 286 кс и 400 Nm вртежен момент. Овие бројки му обезбедуваат забрзување на Evoque од 0-100 км/ч за 6 секунди и 6.5 секунди за Discovery Sport.

Последниот нов мотор е надградениот SD4 дизел со twin-scroll турбополнач и 237 кс. Според Land Rover оваа погонска единица забележува економија на возење од 6.4 литри на 100 километри кај Discovery Sport, но нема објавено колку таа изнесува кај Evoque.

Покрај новите агрегати, Jaguar Land Rover го обновија Evoque за 2018 година со изменета палета на бои, опционални спортски седишта со перфорирана кожа и можност за ново SE Dynamic ниво на опрема кај верзијата со отворен покрив. Што се однесува за новитетите кај Discovery Sport, тој во 2018 година ќе добие покомотни седишта, дополнителен избор на бои на каросеријата и Dynamic естетски пакет кој доаѓа заедно со бензинскиот агрегат со 286 кс.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.