full screen background image
Search

Rolls-Royce го претстави уникатниот Sweptail на Villa d’Este

Уникатниот примерок, направен по нарачка за постоечки клиент на Rolls-Royce се вика Sweptail и дебитираше на Concorso d’Eleganza Villa d’Este на езерото Como.


Sweptail е изграден врз постоечката основа од Rolls-Royce Phantom Coupe – па иако платформата не е нова, уникатниот екстериер и ентериер дефинитивно се.

Британскиот бренд кажува дека дизајнот е инспириран од постарите модели кои го носат Spirit of Ecstasy на себе, како и од луксузните јахти. Влијанието на јахтите е повеќе од јасно на задниот дел, каде задниот прозорец се заострува од кровот кон задниот поклопец и формира триаголна форма. Дополнително, можеме да забележиме грст заоблени елементи на задниот дел кои драстично го менуваат изгледот на автомобилот и наликуваат на дизајнерски детали од луксузните јахти.

Дизајнот на предниот дел не е толку радикален како оној на задниот, и се препознава познатиот лик на Rolls-Royce, но автомобилот добива уникатни нови предни светлосни групи, како и нови браници.

Кабината е базирана врз онаа на Phantom, но е значително преработена. Најважните промени доаѓаат во форма на Macassar Ebony и Paldao дрво, како и екслузивна кожа во уникатни бои. Задните седишта се отстранети, и заменети со дрвена полица со сино осветлување.

Во дискусија за Sweptail, претседателот на Rolls-Royce – Torsten Puller – изјави дека „автомобилот е доказ дека Rolls-Royce е на врвот на coachbuilding-от. Ги слушаме нашите најскапоцени клиенти и го разгледуваме нивниот интерес за инвестирање во слични, комплетно ексклузивни уметнички дела.“

Мора да е убаво да се живее во свет каде можете да си нарачате ваков, уникатен Rolls-Royce.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.