Визуелно воскреснување на иконскиот Ferrari 250 GTO – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Визуелно воскреснување на иконскиот Ferrari 250 GTO

Автомобискиот дизајнер Саша Селипанов создаде модерна интерпретација од најпопуларниот модел на Ferrari која ја нарече 612 GTO III.

Легендарниот 250 GTO се одликуваше со фасцинантни дизајнерски елементи кои секој фан на Разјарениот Коњ очекува да се најдат кај некој нов модел. Токму таков автомобил замислил Саша, кој со мала помош за рендерирање од Сергеј Дворнитски ја визуелизирал неговата замисла.

На неговата креација веднаш се препознатливи формата со набабрени странични крила, издолжен преден дел и долго задно ветробранско стакло, кое завршува со истакнатиот спојлер. Тука се и трите отвори за вентилација на поклопецот од моторот, како и овалниот централен отвор на предниот браник.

Целата идеја изгледа егзотично спортски и навистина би сакале да видиме ваков модел во производство.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.