Хибридниот Hyundai IONIQ официјално претставен во Македонија – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Хибридниот Hyundai IONIQ официјално претставен во Македонија

Хибридниот модел во кој Hyundai навистина вложува многу – новиот IONIQ – вчера официјално беше претставен пред македонската јавност.

Хибридниот IONIQ е одговорот на Hyundai на зголемената побарувачка на вакви модели. Пазарот за електрифицирани и електрични возила во Европа е во константен пораст, пa Hyundai понуди модел кој е подготвен да одговори на овие предизвици. Новиот IONIQ може да се добие во три изведби – како класичен хибрид, plug-in хибрид и како чисто-електричен модел.

Во Македонија пристигна хибридниот IONIQ , кој е придвижуван од 1.6-литарски бензинец со директно вбризгување кој испорачува 105 коњски сили, како и електромотор кој испорачува дополнителни 44 коњски сили. Вкупната системска моќност е 139 коњски сили, a благодарение на класичниот 6-брзински автоматски менувач постигнува 100 километри на час за сосем респектабилни 10.8 секунди, а според официјалните податоци би требало да троши ситно над 3 литри бензин на 100 изминати километри.

Во Македонија IONIQ Hybrid ќе се нуди во три различни нивоа на опременост – основното ниво се нарекува Pure и вака опремениот IONIQ ќе Ве чини 23.900 евра. Отидете скалило погоре на IONIQ Style и ќе треба да одвоите 26.850 евра. Одберете го врвно-опремениот IONIQ Premium (со кој добивате од пиле млеко) – и тој ќе Ве чини 28.900 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.