Најстарата македонска Ford Fiesta е успешно реставрирана! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Најстарата македонска Ford Fiesta е успешно реставрирана!

Како што пред неколку месеци најавија, македонските импортери на Ford – Ми Да Гранд Моторс – ја реставрираа најстарата Fiesta во нашата земја и му ја вратија на сопственикот.

Најстарата Ford Fiesta во Македонија успешно е реставрирана и вратена во совршена состојба – сето тоа благодарение на македонскиот импортер на Ford – Ми-Да Гранд Моторс. Овој проект беше дел од македонската прослава на 40-тиот роденден на Ford Fiesta, а сопственици на реставрираниот автомобил се семејството Тодороски од Скопје.

Бојан Тодороски ја наследи оваа Ford Fiesta од својот дедо, и тој напоменува дека со неа го врзуваат многу убави сеќавања од детството. Бојан изјави дека ќе му биде чест уште 40 години да ја вози.

На момците и девојките од Ми-Да Гранд Моторс уште им го честитаме роденденот на Fiesta, а на сопственикот на овој славенички автомобил му посакуваме уште многу, многу безгрижни километри. Погледнете како изгледаше процесот на реставрација!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.