Од денес започнува летното наплаќање на зонското паркирање низ Скопје – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Од денес започнува летното наплаќање на зонското паркирање низ Скопје

Од денес – 1ви Јуни – започнува летното наплаќање на зонските паркинг-места ширум нашиот главен град.

За време на зимскиот период, паркирањето во паркинг-зоните во Скопје се наплаќа од 07 до 21 часот, но со промената кон летната наплата „работното време“ на градските паркинзи се менува од 07 до 23 часот.

Тоа значи дека возилата кои немаат дозвола бесплатно да паркираат во зоните А, Б и Ц, за паркирање ќе плаќаат помеѓу 7 и 23 часот од понеделник до сабота, а во зона Д останува истото работно време како и во зимскиот период – од 7 до 23 часот, од понеделник до сабота. Цените остануваат исти како и во зимскиот период.

Ве советуваме да внимавате, за да избегнете непотребно плаќање казни и поставување блокатор на вашето возило.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.