full screen background image
Search

Официјално отворен новиот ексклузивен салон на Jaguar и Land Rover во Македонија

Во пригодна атмосфера, и со современ пристап вчеравечер официјално беше отворен новиот салон на Jaguar и Land Rover во Македонија.


Новиот објект е лоциран на улицата Скупи во Скопје, и веќе е подготвен да ги постоечките клиенти на Jaguar и Land Rover, но и сите оние кои се заинтересирани да седнат зад воланот на еден од британските премиум автомобили.

Салонот опфаќа простор од 680 квадратни метри, и во себе содржи изложбено-продажен простор наменет за нови возила, но и за сертифицирани користени возила. Истовремено, дел од новиот објект е и ексклузивниот овластен постпродажен и сервисен центар. Салонот е дизајниран во согласност со стандардите на Jaguar и Land Rover, па она што посетителите ќе го видат во Скопје е истото што би го виделе во било кој ваков овластен центар во светот.

„Се гордееме што имаме привилегија да ги застапуваме најпрестижните брендови во автомобилската индустрија – Jaguar и Land Rover. Потпирајќи се на нашето досегашно искуство, се надеваме дека Automobili Group ќе ги исполни очекувањата на голем број почитувачи на овие марки. Пријатната атмосфера на објектот овозможува секој посетител да се чувствува добредојдено, а за нашите вработени претставува одлично место за работа. Како таков, новиот објект не само што го поддржува позиционирањето на марките Jaguar и Land Rover, туку го става клиентот во срцето на секој дел од нашето работење.” – изјави генералниот директор на Automobili Group – господинот Кочо Бураку.

Дел од свеченото отворање беше и господинот Антон Талпа – регионален менаџер за продажба на Jaguar и Land Rover, задолжен за европскиот регион. Тој ја искористи можноста да ги запознае посетителите со плановите и активностите за глобална експанзија на британските брендови.

Поврзано:   ПРЕМИЕРА: Jaguar лансираше R-Dynamic Black пакети за XE и XF

Им посакуваме многу среќа во работата, и многу, многу продадени автомобили.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.