Hyundai го освежи електричниот Ioniq 5 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Hyundai го освежи електричниот Ioniq 5

Ревидираното електрично возило на Hyundai добива поголем пакет батерии од 84 kWh и новo N-Line ниво на опременост.

Како и до сега, Hyundai Ioniq 5 е веднаш препознатлив. Визуелните ажурирања се минимални и ограничени на редизајнираните предни и задни браници. Предниот довод на воздух е поедноставен и поширок од претходно, а сличен третман добива и задницата. Алуминиумските тркала добиваат нов дизајн, достапен е заден бришач и нов поголем заден спојлер. Севкупно, фејслифтираниот кросовер е 20 милиметри подолг од неговиот претходник, со што неговата должина се протега до 4655 мм.

Нов додаток во гамата Ioniq 5 е N Line нивото на опременост кое се одликува со специфичен бодикит, украсен со неколку N Line логоа. Профилот е сменет со ревидираните странични лајсни и новиот сет 20-инчни алуминиумски тркала. Внатрешноста на N Line добива нов волан, спортски седишта, метални педали, нови акценти на контролната табла и црвени шевови.

Слично како внатрешноста на неодамнешниот освежен Tucson, кабината на фејслифтот на Ioniq 5 има повеќе физички копчиња за најчесто користените функции, како што се греење и вентилација на предните седишта, греење на воланот и функции за помош при паркирање. Подлогата за безжично полнење е поместена погоре за подобра пристапност, а новиот управувач добива интерактивни пикселни светла.

Иако фејслифтираниот Ioniq 5 моментално е најавен само за корејскиот пазар, очекуваме подоцна годинава да се појави и на стариот континент.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!