Мега-галерија од Третата Изложба на Автомобили и Моторцикли – АСУЦ – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Мега-галерија од Третата Изложба на Автомобили и Моторцикли – АСУЦ

Денес се одржа третиот авто-мото собир организиран од АСУЦ „Боро Петрушевски“ во Скопје, а ние ви пренесуваме мега-галерија од изложените автомобили и целата атмосфера!

Изложбата на автомобили која ја организира Авто-Сообраќајниот Училишен Центар „Боро Петрушевски“ од Скопје стана традиција, успешно одржувана веќе трета година по ред. Свое учество на настанот имаа преку 100-тина возила со најразлични модификации – од реставрирани олдтајмери до тјунинг проекти.

Организацијата повторно беше беспрекорна и слободно можеме да кажеме дека собирот во АСУЦ останува како еден од најквалитетните настани кои се организираат кај нас. Атмосферата и дел од учесниците можете да ги погледнете подолу во мега-галеријата со моменти кои ги улови нашиот фотограф!

Фотографија: Дејан Маликовски



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.