Mercedes-AMG објави официјални технички податоци за Project One – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-AMG објави официјални технички податоци за Project One

Знаменосецот на AMG-дивизијата ќе биде произведен во само 275 примероци – и сите се веќе продадени – но сепак претставува вистинско технолошко чудо!


Фасцинантниот Mercedes-AMG Project One повторно го привлекува вниманието – AMG дивизијата реши да објави многу технички детали по повод прославата на 50-годишнината на AMG брендот.

Срцето на Project One е 1.6-литарски V6 (да, добро прочитавте – 1.6-литарски V6) кој влече потекло од службениот F1 болид на Луис Хамилтон и има термална ефикасност од 43 проценти. Во однос на F1-моторот, моторот на Project One добива зајакнати компоненти и преработена електроника предвидена за употреба на јавни патишта. Tobias Moers од AMG повторно потврди дека моторот ќе може да помине 50.000 километри пред да му е потребна екстензивна преработка. Кога е „во лер“, хај-тек V6 бензинецот е на 4.000 вртежи во минута а „во црвено“ влегува на стратосферски 13.500 вртежи во минута!

Шест-цилиндерскиот бензинец соработува со два електромотори. Првиот испорачува 107 коњски сили и има задача цело време да го одржува турбополначот во активна состојба. Вториот мотор има 161 коњска сила и е поврзан директно на коленестото вратило.

Дел од системот се уште два електромотори поставени на предната оска. Овие мотори можат самите да го придвижуваат Project One и му даваат автономија на електрична енергија од 24 километри. Батериите тежат 100 килограми, а целиот погон тежи 420 килограми. Сè уште не е потврдено колку е вкупната тежина, но според некои извори таа би требало да биде 1315 килограми, а шасијата и каросеријата ќе бидат направени од карбонски влакна. Според најавеното, вкупната системска моќност ќе биде повеќе од 1000 коњски сили кои ќе се испорачуваат преку 8-брзински менувач со една спојка. За сопирањето ќе бидат задолжени замашни карбон-керамички сопирачки поставени во секој агол, а на задната оска тркалата ќе бидат обвиени во пневматици во ширина 335.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Mercedes-AMG PureSpeed е специјален, супер-лимитиран роудстер со инспирација од F1

Како што веќе напоменавме, ќе бидат произведени само 275 примероци и сите се веќе распродадени. Mercedes-AMG ќе произведува по едно возило на ден, и сите ќе бидат испорачани до крајот на 2020-тата година. Project One ќе биде легален за возење на улиците ширум светот – освен во Кина. Ни ние не знаеме зошто.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.