Olympia Motors го менува моделот – станува Outlet за користени автомобили со проверен квалитет! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Olympia Motors го менува моделот – станува Outlet за користени автомобили со проверен квалитет!

Olympia Motors Outlet e нова концепт позади кој стои идеја да се понудат проверени и докажани користени возила на задоволните купувачи.


Зад овој нов проект стојат луѓе кои имаат долгогодишно искуство во автомобилскиот бизнис, а идејата е да се понудат проверени возила зад кои ќе стои новосоздадена компанија која во фокусот ги има токму клиентите.

Примарната цел на Olympia Motors Outlet (OMO) е да се исполнат желбите на купувачите, кои сакаат користено возило со докажан квалитет, проверена сервисна историја и вистинска километража. Сето ова ќе се реализира преку почетоците на новиот бренд OMO, кој ќе се обиде да ги обедини купувачите од повеќе целни групи – купувачи на патнички и комерцијални возила, но и премиум возила од различни брендови.

 

Покрај стандардната понуда на возила од сопствениот богат асортиман, бизнис моделот на ОМО на своите клиенти ќе им овозможи и различни можности за финансирање, откуп на нивното возило, замена на староto за Outlet возило, посредување во продажба на возило, долгорочно изнајмување како и нарачка на возило според желбите и/или потребите на клиентот.

Им посакуваме успех во понатамошната работа и многу продадени автомобили!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.