Jaguar XE SV Project 8 е најмоќниот Jaguar на сите времиња! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Jaguar XE SV Project 8 е најмоќниот Jaguar на сите времиња!

Британскиот производител продолжува да расте – а најновиот (и воедно најмоќниот) модел е дело на Special Vehicle Operations дивизијата и доаѓа со 600 коњски сили!

Ако мислите дека легендарниот XJ220 е најмоќниот Jaguar на сите времиња – се лажете! Тој епитет сега му припаѓа на Jaguar XE SV Project 8 кој ќе биде произведен во само 300 примероци, а благодарение на моќниот, 5-литарски компресорски V8 има на располагање 600 коњски сили!

Токму овој мотор го прави XF SV Project 8 најмоќниот (уличен) Jaguar на сите времиња. Jaguar тука ги завршува податоците кои сега за сега ги објавува – но сите технички податоци, како и финалниот изглед ќе ги дознаеме на Goodwood Фестивалот на Брзината. Според John Edwards – директорот на Jaguar Land Rover Special Vehicle Operations – „ова е вистинско време за SVO да го направи најекстремниот автомобил во историјата на Jaguar. SVO тимот е опседнат со духот на перформансите и посветен кон испорачување на највозбудливото возачко искуство.“ Тој додаде и дека клиентите ширум светот беа возбудени од F-Type Project 7, па приказната продолжува со Project 8 кој ги носи аеродинамиката и инженерингот на сосем ново ниво.

Бидејќи овој автомобил е наменет токму за вистинските ентузијасти и посветените колекционери, ќе биде произведен во само 300 примероци – и сигурни сме дека и цената ќе го рефлектира тоа.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.