full screen background image
Search

Кој е инспирацијата за новиот лик на Mustang? Darth Vader, секако!

Во неодамнешно интервју, менаџерот за дизајн на Ford – Melvin Betancourt – потврди дека токму Господарот на Темната Страна е инспирацијата позади новиот лик на освежениот Ford Mustang!

„Кога го дизајниравме новиот Mustang за 2018-тата година, тимот сакаше да му даде на автомобилот поагресивен лик. Едно од местата каде најдовме инспирација е еден од најпопуларните лоши момци на сите времиња – аглестите форми и контурите на маската на Darth Vader станаа инспирација за новиот лик на Mustang.“ изјави Betancourt.

Освежениот Mustang ќе пристигне кај американските купувачи на крајот на оваа година, а во текот на следната би требало да пристигне и во Европа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.