full screen background image
Search

Цените на бензините и дизелот се намалуваат за денар и половина!

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – од вечерва на полноќ цените на бензините и дизелот се намалуваат за 1.5 денари!

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 2.89%. Преведено во цени, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ горивата се намалуваат за 1.5 денари, и еден литар од овие горива ќе чини  66, 68 односно 51 денар.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.