Најпродаваниот модел на Opel е компактната Corsa – која во 2019 ќе добие замена базирана на платформа и технологии од новите „газди“ – францускиот PSA!
Тековната Opel Corsa е базирана на платформа од минатата генерација – и иако тоа самото по себеси не е негативност, конкуренцијата во овој сегмент се заострува и за еден автомобил да биде компетитивен мора навистина да нуди „целосен пакет“.
Замената за Opel Corsa ќе пристигне во 2019, а поред германскиот весник Allgemeine Zeitung Mainz и AutoNews, наследникот ќе биде базиран на платформа од PSA и ќе користи и технологии од француските брендови. Тоа значи дека новата Corsa всушност ќе биде ја дели платформата со Citroen C3 и Peugeot 208. Сега за сега не е познато дали ќе биде развиена целосно нова платформа, или Corsa ќе ја користи постоечката платформа на PSA.
Новата Corsa ќе се произведува во Шпанија и ќе биде уште еден „заеднички“ проект меѓу Opel и PSA. Колку за потсетување, новите Crossland X и Grandland X SUV модели на Opel се базирани на платформи на PSA, односно на Peugeot 2008 и 3008, соодветно. Според познавачите, новата Corsa ќе добие 3 и 4-цилиндерски турбо-бензински и турбодизел мотори, а врвната OPC изведба ќе биде придвижувана од 1.6-литарски турбо-бензинец.
Визуелизација: Kleber Silva