full screen background image
Search

Lada Niva полни 40 години и добива специјална, славеничка изведба!

Дали ви се верува дека легендарната Lada Niva полни 40 години? Робустниот руски теренец со минимални измени се продава на пазарите ширум светот скоро половина век!


По повод роденденот на Niva, Lada подготви не една – туку две специјални изведби од легендарниот теренец – едната изведба се вика Edition а другата (соодветно) 40th Anniversary – и ќе бидат произведени само 1977 примероци.

Lada Niva Edition може да се нарача во неколку бои – беж, црвена, бела, теракота и сиво-сина, а во кабината ќе добиете редизајнирани инструменти, заштитни прагови од нерѓосувачки челик, управувач и седишта обложени со еко-кожа, како и специјално лого кое го идентификува моделот.

Специјалните 40th Anniversary модели добиваат камуфлиран дизајн на екстериерот, црни седишта со контрастни опшивки и специјални логоа. Обата автомобили се очекуваат да пристигнат кај дилерите во Јуни.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.