full screen background image
Search

Вечерно Кино: Porsche Cayenne S Diesel влече Airbus A380 тежок 285 тони!

Porsche во соработка со Air France постави нов светски рекорд – 385-коњски Cayenne S Diesel влечеше огромен Airbus A380 цели 42 метри!

Германскиот премиум производител во соработка со Air France постави нов светски рекорд. Porsche го искористи својот Cayenne S Diesel кој под поклопецот крие 4.2-литарски V8 турбодизел кој испорачува 385 коњски сили и 850 Nm вртежен момент. Со овој мотор, моќниот спортски SUV успеа да го повлече големиот 285-тонски двокатен авион и да го пренесе цели 42 метри.

Потоа, само за да покажат дека сериозни, луѓето од Porsche го искористија и Cayenne S Turbo кој има на располагање 560 коњски сили и 800 Nm вртежен момент за повотрно да го направат истиот подвиг. Обата автомобили беа целосно стандардни – исти какви што би ги добила купувачите – единствено беше потребен специјален адаптер кој ги поврза стандардната кука и авионот. Конечно, за да докажат дека влечењето немало никакви последици, обата автомобили со возење беа вратени во Лондон, од каде што и дојдоа.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.