RS 2027 Vision е одлична визија на Renault за идните F1 болиди – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

RS 2027 Vision е одлична визија на Renault за идните F1 болиди

Францускиот бренд ја објави својата визија за тоа како ќе изгледаат болидите кои ќе се натпреваруваат во Формула 1 во 2027 година.

Концептот RS 2027 Vision е болид кој тежи 600 килограми и кој би бил погонуван од мал мотор со внатрешно согорување во комбинација со електронски мотор со пет пати поголеми батерии од оние кои моментално се користат во F1. Оваа комбинација би произведувала 1340 коњски сили, односно би имала однос на сила/тежина од 2,235 коњски сили на тон, што изнесува 1,000 коњски сили на тон повеќе од актуелните F1 болиди. Тука се и погон и управување на сите тркала, кои ќе обезбедат подобро пренесување на силата кон подлогата и подобра стабилност при влегување во свиоците со огромна брзина.

Дизајнот на RS 2027 Vision изгледа значително поразлично од досегашните F1 автoмобили. Најголемата измена е имплементацијата на целосно затворената кабина, која е слична како кабината на борбените авиони. Покрај тоа, целото возило е поестетски обликувано и опремено со LED осветлување, a исто така располага со нови активни аеродинамички елементи.

Renault го опремиле RS 2027 со автономни режими на возење кои можат да се користат во периодите кога на патеката ќе биде излезено безбедносното возило. Дополнително на тоа, возилото користи систем за комуникација со останатите автомобили, кој ќе им овозможи на возачите да ги следат нивните ривали.

Концептот е релативно пријателски настроен кон околината и е конструиран од рециклирани материјали кои се потоа составени со 3D принтер.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.