full screen background image
Search

Викендов во Скопје се одржа хуманитарно автомобилско дефиле

Во организација на Лајонс клубот од Македонија, а поддржано од неколку автомобилски клубови, викендов во нашиот главен град се одржа хуманитарно автомобилско дефиле кое имаше цел да ја подигне свеста за ракот на дебелото црево.

Секогаш се радуваме кога во Македонија се организираат убави настани со хумана цел. Викендов – поточно, во Неделата – во Скопје се одржа хуманитарно автомобилско дефиле кое имаше цел да ја подигне свеста за ракот на дебелото црево.

Настанот – дело на Лајонс организацијата – привлече многу автомобилски ентузијасти, а автомобилите гордо продефилираа низ улиците на нашиот главен град. Меѓу другите, учествуваа и нашите пријатели од Буба Клуб Македонија и неколку други автомобилски организации. Им честитаме на организаторите за одличниот настан, за кој тие веќе најавија дека ќе стане традиционален.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.