full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Драг-трка меѓу Audi RS6 и Nissan GT-R!

Моќниот Германски караван продолжува да ги предизвикува суперавтомобилите. Овој пат негова цел е новиот Nissan GT-R.

Тимскиот автомобил на магазинот Carfection e Audi RS6 придвижуван од 4.литарски твин-турбо бензински V8 мотор со 560 кс и 700 Nm, кој според фабричките податоци постигнува забрзување од 0-100 за 3.9 секунди и максимална брзина од 280 км/ч. Кога во нивните раце дојде обновениот R35 GT-R со 3.8-литарски турбо-бензински V6 мотор со 565 кс и 640 Nm, за кој Nissan тврди дека забрзува од 0-100 за под 3 секунди, тие се решија да ги пресметаат силите на двата модели во живо на патека.

Кога ќе се земе сето тоа во предвид, Јапонскиот суперавтомобил би требал да го „уништи“ караванот, но сепак погледнете го видеото да дознаете што се случува!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.