full screen background image
Search

KIA Sportage и официјално е прогласен за Автомобил на Годината во Македонија за 2017!

Вчеравечер на пригодна свеченост и официјално беше доделена наградата за Автомобил на Годината во Македонија за 2017, која оваа година ја понесе новиот KIA Sportage!

Ова не е прва победа за KIA на македонскиот избор за автомобил на годината – по KIA Cee’d и KIA Rio, сега со престижната титула се закити и најновата генерација на популарниот SUV на јужнокорејскиот производител – Sportage.

Наградата за Автомобил на Годината во Македонија се доделува по 22-ри пат, а свеченоста овој пат се одржа во Хотел Парк во Скопје. Претседателот на жирито кое го бира автомобилот на годината – г-динот Владимир Ристовиќ му ја предадае статуетката во вид на ладилник на директорот на Киа Моторс Македонија – г-динот Владимир Билбилов, кој изрази особена гордост за освоената титула.

Оваа година покрај KIA Sportage, за признанието се бореа и Citroen C3, Peugeot 3008, Renault Megane, SEAT Ateca, Suzuki Baleno Hybrid и Toyota C-HR. Многу зборува за автомобилските трендови фактот дека оваа година меѓу кандидатите имавме неколку различни SUV модели, а посебно признание од конкурентите доби и новиот хибриден Suzuki Baleno.

Им честитаме на победниците и им посакуваме успешна и плодна година!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.