Базиран на Fusion – односно, европскиот Ford Mondeo – новиот Police Responder Hybrid Sedan е решението за Ford за потребите на полициските сили.
Новиот хибриден полициски пресретнувач е дел од програмата на Ford за претставување на 13 електрифицирани возила во следните пет години. Како дел од таа програма ќе видиме и целосно-електричен мал SUV, хибридна верзија на популарниот F-150 пикап, хибридна изведба на Mustang и хибридно возило со автономни можности.
Според Joe Hinrichs, претседателот на Ford of The Americas „електрификацијата на следната генерација возила е суштествена за нашата посветеност кон одржливоста.“ Според него, преку преземање на водечка улога во процесот на електрифицирани возила, Ford останува посветен на испорачување возила, пикапи и SUV модели кои не се само подобри за клиентите, туку подбри и за околината и општеството.
Новиот полициски Ford Fusion е целосно подготвен за потребите на полицијата. Меѓу другото, добива предни заштитни панели, зајакната супензија, специјални тркала наменети за полициски потреби, систем за регенеративно кочење, и уште многу други ситници. Седанот е придвижуван од 2-литарски бензинец кој соработува со електромотор и напредна литиум-јонска батерија. Системот е калибриран за уникатниот работен циклус на полициските сили и овозможува возење на батерии при брзини до 60 милји, односно 96 километри на час. Полициските сили ширум САД ќе ги добијат возилата следното лето.