Утринска Гимнастика: Светски рекорд – Парада на електрични возила со 746 учесници! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Светски рекорд – Парада на електрични возила со 746 учесници!

Хуманитарната парада успеа да постави светски рекорд, кој наскоро ќе биде потврден и од Гинисовата книга – и дури 746 електрични возила учествуваа на овој несекојдневен настан!

746 различни електрични возила учествуваа на оваа парада која се случи во Холандија, на патот А270 од Helmond до Eindhoven. Патот, долг 3.6 километри беше резервиран токму за овие возила. Во парадата учествуваа примероци на Tesla, Nissan и Renault, а меѓу другите се најдоа и електрични автобуси, камиони, велосипеди и Segway возила. Изненадувачки, дури и автомобил на соларна енергија учествуваше во парадата.

Минатиот рекорд беше поставен во Мај 2015, во Берлин. Таму учествуваа „само“ 577 електрични возила. Сите пари собрани од настанот ќе бидат дадени во хуманитарни цели, односно во едукациска програма за деца каде едукацијата е потребна. Погледнете како сето тоа изгледаше!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.