full screen background image
Search

Најдобрите дизајни за 2017 според Red Dot доаѓаат од Audi, Ferrari, Kia и Mazda!

Red Dot е институцијата која со години ги избира најдобрите дизајни и тукушто ги објавија најдобрите дизајни во областа на автомобилите за оваа година!

Оваа година наградите за дизајн во областа на автомобилизмот одат во рацете на Ferrari, и тоа за славеничкиот J50 наменет за јапонскиот пазар, потоа кај Audi за новиот Q2 кросовер (кој  ние веќе имавме можност да го возиме на крајот на минатата година), кај корејскиот производител KIA за одличната караванска изведба на новата Optima – новиот Optima SportsWagon и конечно, кај Mazda за малата MX-5 RF со цврст покрив.

Минатата година Red Dot признанија добија и Kia Sportage (кој е овогодишен Автомобил на Годината во Македонија), Skoda Superb Combi, Hyundai Ioniq, Volvo S90, Fiat Toro, Mercedes-Benz C-Class Coupe, Peugeot Traveler, Citroen SpaceTourer, Audi A4, Q7 и R8, како и BMW X1, M2 и Серијата 7.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.