full screen background image
Search

Јапонците ги добиваат сите кул играчки – Ferrari го претстави лимитираниот J50!

Ferrari слави 50 години присуство на јапонскиот пазар – и тоа во тотално адекватен стил – со екстремен модел кој ќе биде произведен во ограничени бројки и наменет токму само за јапонскиот пазар!

Наменет за екстремно-богатите Јапонци кои можат да си дозволат ваков модел, J50 е поставен на платформата на 488 Spider. Дизајниран е во Ferrari Styling Centre и изработен од Special Projects одделот во Маранело, и сите 10 примероци кои ќе бидат произведени ќе се продадат токму на јапонскиот пазар.

ferrari-j50-rear

Дизајнерите на Ferrari сакале да постигнат ефект на „визир“ од кацига, па токму затоа отворениот J50 има ветробранско стакло кое е како „замотано“ околу к абината. Кровот е дводелен тарга кров изработен од карбон, а 3.9-литарскиот V8 е навиен да испорачува дури 690 коњски сили (30 повеќе од стандардните 660). Секако, она што е поинтересно е новата каросерија, која добива „екстремна“ преработка – која пак совршено одговара на јапонската автомобилска култура.

ferrari-j50-seats

Малку сме љубоморни на јапонците. Само малку.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.