SEAT ја претстави новата, поспортска Ateca FR! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

SEAT ја претстави новата, поспортска Ateca FR!

Шпанскиот бренд е познат по спортските изведби на своите модели кои ја носат ознаката FR – а кај Ateca значката FR значи многу спортски детали и нов 2-литарски турбо-бензинец со 190 коњски сили!

Официјално, новата Ateca FR ќе дебитира на саемот на автомобили во Барселона, кој треба да започне на 11-ти Мај. FR е спортско ниво на опрема кое носи многу спортски детали – како што се специјалните логоа, затемнета маска на ладилникот, црни кровни носачи и рамки на прозорците, долниот дел од браниците во боја на каросеријата, уникатно изведени LED светла за магла, заден спојлер и големи, 19-инчни тркала обвиени во пневматици со димензии 245/40.

Во кабината, купувачите ќе добијат седишта обвиени во алкантара, алуминиумски педали, црвени опшивки и сјајно-црни детали на управувачот, кровот и тапацирите на вратите, како и FR ознаки.

Со новата Ateca FR дебитира и нов 2-литарски TSI турбо-бензинец кој испорачува 190 коњски сили, но спортскиот SUV ќе може да се добие и со други бензински и дизел мотори кои нудат меѓу 150 и 190 коњски сили. Во зависност од одбраниот мотор ќе може да се добие мануелен или DSG автоматски менувач со двојна спојка, како и избор меѓу погон на предните и сите четири тркала.

Се очекува Ateca FR да биде достапна за нарачка веднаш по нејзиното официјално деби.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.