full screen background image
Search

Знаменосецот на Opel доби поробустна изведба во форма на Insignia Country Tourer

Најголемиот модел во гамата на Opel – новата Insignia Sports Tourer ја доби својата поробустна, теренска изведба – добредојде Insignia Country Tourer!

Базирана на караванската изведба на знаменосецот на брендот, новата Insignia Country Tourer има цел да биде идеалната средина меѓу караван и SUV. Со новата изведба, Opel ја комплетира „тројката“ на Insignia и нуди авантурист зајакнат со теренски атрибути и погон на сите четири тркала.

Insignia Country Tourer ги има истите квалитети кои ги очекуваме. Значително е полесна од моделот кој е во заминување, а ќе се нуди со широка лепеза на врвни технологии. Вниманието ќе го привлекува со црните заштитни панели кои на автомобилот му даваат доза на робустност и го подготвуваат за теренски авантури. Дополнителните 20 милиметри оддалеченост од подлогата и погонот на сите четири тркала гарантираат теренски способности, а новата суспензија ќе овозможи полесно напуштање на асфалтираните површини.

FlexRide шасијата овозможува адаптација на амортизерите, управувањето, одзивот на педалата на гас и (на автоматските менувачи) точката на менување брзини – и сето тоа во три режими на работа – Standard, Sport и Tour. Новиот Drive Mode Control софтвер е срцето на адаптивната шасија, и континуирано ги анализира податоците од различните сензори за да го препознае стилот на возење на возачот.

Insignia Country Tourer ќе биде достапна за нарачка од Јуни, а ќе ја има својата официјална премиера на IAA Саемот на Автомобили во Франкфурт, кој треба да започне на 14ти Септември. Според Opel, овој „универзалец“ е идеалниот избор за оние кои сакаат ги сакаат зимските спортови и природата, но истовремено ја ценат индивидуалноста.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.