full screen background image
Search

Mercedes-AMG ги претстави новите GLC 63 и GLC Coupe 63!

Новите GLC 63 и GLC Coupe 63 на Mercedes-AMG доаѓаат со 476 или 510 коњски сили и благодарение на 4-литарскиот V8 се подготвени за борба со секаква конкуренција!

Mercedes-AMG реши да ги понуди GLC 63 и GLC Coupe 63 со 4-литарскиот би-турбо V8 од гамата на брендот кој испорачува 476 коњски сили и 650 Nm вртежен момент. Опремени со овој мотор новите „малишани“ од AMG забрзуваат до 100 километри на час за само 3.9 секунди и постигнуваат максимални 250 километри на час.

Дополнително, Mercedes-AMG ќе понуди и S изведба од GLC Coupe 63, која ќе има на располагање 510 коњски сили и 700 Nm вртежен момент. Оваа верзија ќе може да постигне 100 километри на час за само 3.7 секунди, но максималната брзина останува ограничена на 250 километри на час.

Mercedes-AMG GLC 63 и GLC Coupe 63 го носат 4-литарскиот би-турбо V8 од гамата на брендот, кој испорачува 476 коњски сили и 650 Nm вртежен момент. Сите модели доаѓаат опремени со AMG SPEEDSHIFT MCT автоматски менувач со 9 брзини, кој доаѓа од моќниот Mercedes-AMG E63 S. Од таму доаѓа и AMG 4MATIC+ системот за погон на сите четири тркала кој има и диференцијал со ограничено пролизгување.

AMG Dynamic Select модулот ќе му овозможи на возачот да избере меѓу Comfort, Sport, Sport+ и Individual режими на работа, а Coupe верзиите добиваат и Race режим во кој сите параметри се оптимизирани за максимални перформанси. GLC 63 и GLC Coupe 63 ќе добијат 19-инчни тркала, додека GLC Coupe 63 S добива големи, 20-инчни тркала.

Поврзано:   Mercedes-AMG GT Black Series е најбрзиот сериски автомобил на Нирбургринг!

Премиерата е закажана за следната недела на Саемот на Автомобили во Њу Јорк, но продажбата ќе започне на почетокот на следната година. Потсетуваме дека Mercedes-Benz GLC Coupe е дело на македонскиот дизајнер Славче Таневски, и горди сме што и неговиот автомобил доби своја моќна AMG изведба!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.