full screen background image
Search

Пристигнаа новите Continental PremiumContact 6 – безбедни и удобни пневматици со спортски карактер

Новите пневматици PremiumContact 6 на Continental имаат сериозна задача – да понудат успешна комбинација на безбедност, удобност, долготрајност и спортско управување.

Со новите PremiumContact 6 пневматици, инженерите на Continental yспешно го споија удобното со спортското. Ова значеше доаѓање до нови решенија за максимална безбедност, висока удобност при возењето и уникатен дизајн на шарата за супериорно управување.

„Главниот услов на новите PremiumContact 6 е да достават бескомпромисна безбедност” – изјави д-р Буркард Вајс од Continental, и додаде – „Создавањето на пневматик кој е толку избалансиран што може да го задоволи овој предизвик, а кој во исто време нуди и максимална удобност и прецизност, динамично возење, како и голема километража и низок отпор на движење беше голем предизвик и огромен мотиватор.”

Интересно е што новите PremiumContact 6 пневматици заменуваат два различни производи – ContiSportContact 5 и ContiPremiumContact 5. Како и неговите претходници, ContiSportContact 5 и ContiPremiumContact 5, новиот PremiumContact 6 пневматик нуди врвни перформанси на сопирање, особено на влажни коловози. Инженерите на Continental развија решенија кои овозможуваат значителен напредок и во другите параметри на пневматиците, без да се намали високата безбедност на пневматиците. Иновациите вклучуваат ново синтетичко соединение на аморфен силициум, за подобрување на сопирањето на кратки растојанија на влажни коловози во сите сегменти на возилото. На етикетата на ЕУ за пневматици, новите PremiumContact 6 го имаат достигнато врвниот „А“ рејтинг за управување на влажни коловози.

Хемичарите и инженерите во Континентал, исто така, имаат поставено нова основа за постигнување на забележително подобрување во километражата, отпорноста при сопирање и удобноста. Решението било да се направи комбинација од полимер отпорен на абразија и еластична шара на текстурата на пневматикот. Како резултат на тоа, новите PremiumContact 6 забележуваат подобрување од 15 проценти во долготрајноста споредено со неговиот претходник, а во исто време бучавата во ентериерот и екстериерот од пневматиците е намалена за околу десет проценти. Инженерите од Continental ни нагласија дека очекуваат новите PremiumContact 6 пневматици да траат најмалку 50.000 километри.

Заедно со високите стандарди во однос на безбедноста и удобноста, уште еден клучен фактор беше овозможување на спортско управување во сите модели на автомобили. За таа цел, создавачите на пневматиците усвоија дел од дизајнот на високо-технолошкиот пневматик SportContact 6 во комбинација со асиметрична геометрија. Овој „напреден макро-блок дизајн“ имплементира долги блокови кои меѓусебно се поддржуваат, обезбедувајќи дополнителен контакт со коловозот. Ова резултира со комплексна блок структура во рамото на пневматикот која е способна многу ефективно да пренесе дури и екстремно високи сили, како оние кои се генерирани во свиоците. Асиметричната структура во шарата обезбедува слично ниво на перформанси во пренесување на силата во страничните насоки. Ова им дава на PremiumContact 6 пневматиците својства на ракување кои се за 3% подобри од оние на ContiSportContact 5.

Со новите PremiumContact 6, Continental развија пневматик кој има подобри перформанси од неговите претходници во безбедност, удобност и управување, како и во параметри релевантни за околината како што се подобрена километража и отпор при движење. Достапниот асортиман вклучува пневматици за модели на автомобили од средна класа па до SUV сегментот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.