Претставена новата Mazda MX-5 RF со преклоплив тарга кров – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставена новата Mazda MX-5 RF со преклоплив тарга кров

Јапонскиот производител на саемот на автомобили во Њу Јорк ќе ја претстави новата MX-5 RF која ќе се нуди со подвижен тарга кров!

Ознаката RF значи Retractable Fastback, а за прв пат кај Mazda MX-5 ќе се нуди таканаречен Targa кров. Минатата генерација се нудеше со цврст преклоплив кров, но тој целосно се преклопуваш во багажниот простор.

На системот му се потребни 12 секунди да го отвори или затвори кровот, и сето тоа е можно при брзини до 10 километри на час. Интересно е што тарга кровот се префрла во истиот простор каде се собира и платнениот кров кај обичната MX-5, па багажниот простор од 130 литри останува непроменет. Кровниот дел може да се нарача во контрастна боја, или пак истата боја како и остатокот од каросеријата. За прв пат ќе се нуди и Machine Grey боја за надворешноста која според Mazda е првата „премиум боја“ на брендот која „изгледа како да е рачно нанесена од врвен професионалец“ и користи трослојна структура која содржи боја, рефлективен слој и провиден слој.

MX-5 RF доаѓа со преработена суспензија и систем за управување. Купувачите во Европа ќе можат да го нарачаат новиот модел со постоечките 1.5 или 2-литарски атмосферски бензинци. Цените ќе бидат објавени наскоро.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.