full screen background image
Search

Дизелот поевтинува денар и половина, бензините остануваат со иста цена

Регулаторната Комисија за Енергетика ги објави новите цени на горивата – бензините остануваат со непроменети цени, а дизелот поевтинува за денар и половина.

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, малопродажните цени се намалуваат во просек за 2.35%. Цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 остануваат непроменети, и овие горива ќе се продаваат по цена од 65 односно 67 денари за литар.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за денар и половина, и еден литар дизел гориво ќе чини 50.50 денари. Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.