McLaren Special Operations подготви специјален 570GT обвиен во карбонски пердуви! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

McLaren Special Operations подготви специјален 570GT обвиен во карбонски пердуви!

Карбонските влакна се одличен материјал за изработка на автомобили – лесен и цврст материјал кој придонесува многу за напредокот на автомобилизмот. Токму затоа McLaren направи карбонски пердуви за својот специјален 570GT!

Всушност – инженерите од MSO (McLaren Special Operations) одлучија да ја комбинираат ниската тежина на карбонот со аеродинамичните својства на пердувите и да произведат специјална обвивка за моделот 570GT во форма на карбонски пердуви.

Секој пердув е 2.76 инчи долг (точно 7.0104 сантиметри) и е покриен со специјален лак. Пердувите се рачно фиксирани на 570 GT во паралелна формација со цел да се искористат аеродинамичките перформанси. Според McLaren, пердувите вибрираат на повисоки брзини и со тоа „дополнително ја подобруваат аеродинамиката со транзиција од ламинарна во турбулентна граница на воздухот.“ Што и да значи тоа.

Обвивката тежи само 2.49 килограми и ја истакнува инспирацијата која инженерите и дизајнерите на McLaren ја влечат од природата. McLaren реши да ја нарече оваа филозофија Biomimicry, а одговорен за неа во компанијата ќе биде Robin Crain, кој објасни дека инспирацијата за карбонските пердуви потекнува од случја кога еден вработен во McLaren шетал низ околу објектот на компанијата, здогледал паднат пердув и го поставил на еден од автомобилите. Оваа случка резултирала со разговор со експертите од MSO и тоа довело до креирањето на пердувестата обвивка.

Клиентите на McLaren можат да ја нарачаат оваа обвивка за својот 570GТ веќе од 1ви Април оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.