full screen background image
Search

Škoda влегува во Светскиот Рели Шампионат со Kodiaq WRC!

Чешкиот производител на Први Април го промовираше својот кандидат за титулата во WRC- новиот Škoda Kodiaq WRC!

Според она што ни го кажуваат од Škoda, FIA ја препозна популарноста на SUV моделите и започнува нова категорија во Светскиот Рели Шампионат – WRC SUV! Kodiaq е првиот модел кој е официјално претставен за во оваа, нова категорија и веќе ги имаме повеќето детали.

FIA регулативите дозволуваат турбо-бензински мотор со зафатнина од 2 литри и минимална тежина од 1650 килограми. Дополнително, правилата дозволуваат автомобилите да задржат два системи за асистенција, па инженерите на Škoda ги одбраа Driver Alert (систем кој препознава замор кај возачот) и Blind Spot Detect (систем кој го предупредува возачот доколку има друго возило во „слепата точка“ на автомобилот). Обата системи се тотално бескорисни на WRC натпреварите – но ете, нека има.

 

Во моментов, инженерите на Škoda му посветуваат внимание на системот за сопирање (со оглед на големината и тежината на возилото, тоа е добра идеја), а веќе е најавено дека возачите ќе бидат официјално претставени во Септември. Škoda Kodiaq WRC ќе дебитира во Јануари следната година на Rally Monte Carlo. Со среќа!

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.