full screen background image
Search

Lexus претстави систем за поместување на бавните возила на патот

Доколку некогаш сте се биле попречени од бавно возило кое се движи во најлевата лента и покрај тоа што десните коловозни ленти се слободни за движење, Lexus го има решението за вас.

Јапонскиот луксузен бренд претстави нов систем наречен „Lane Valet“, кој го подобрува текот на сообраќајот со асистирање над движењето на побавните возила од левата во десната лента. Со други зборови, доколку возачот на побавното возило не е свесен дека се наоѓа на погрешно место, овој полу-автономен систем ќе ја преземе контролата врз неговиот автомобил и ќе направи место за побрзите возила.

За да го активирате системот треба само да го притиснете копчето Lane Valet на инструмент таблата, а потоа радарот и камерата на вашиот Lexus ќе го скенираат патот, додека V2V (возило кон возило) технологијата ќе се поврзе со автомобилот кој се наоѓа директно пред вас. Кога ќе се поврзе со тој автомобил, Lane Valet ќе започне со претпазлива и брза промена на лентата на возење, а потоа се исклучува и овозможува подобар проток на сообраќајот.

И покрај тоа што оваа технологија звучи одлично, нејзиниот главен недостаток е денот на кој е претставена – 1ви Април (Денот на шегата). Интересен начин на Lexus да се пошегува со побрзите возачи.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.