Brabus го засили Mercedes-AMG C63 S Cabriolet на 650 коњски сили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Brabus го засили Mercedes-AMG C63 S Cabriolet на 650 коњски сили

Познатата тјунерска компанија Brabus претстави пакет за засилување на Mercedes-AMG C63 S Cabriolet за оние кои сакаат “побрз ветар во своите коси”.

Главниот дел на пакетот вклучува третман на 4.0-литарскиот V8, кој е засилен од стандардните 510 на 650 коњски сили, додека вртежниот момент е зголемен од 700 Nm на 820 Nm. Со зголемената сила, кабриолетот постигнува забрзување од 0-100 км/ч за само 3.7 секунди, што е за 0.4 секунди пократко од стандардниот модел. Максималната брзина сега изнесува 320 км/ч.

Brabus го доработи екстериерот на моќниот кабриолет со аеродинамчни елементи од карбон, а тука се и специјални 20-инчни ковани фелни. Оние кои посакуваат уште пожесток звук имаат опција за инсталирање на спортски издувен систем. Во понуда е и спортска суспензија што ја намалува висината на возење од 20 до 40 милиметри.

Ентериерот е достапен со цел асортиман елементи созадени за задоволување на вкусот на клиентите. Прикажаниот модел на сликите е опремен со црн кожен тапацир комбиниран со азурно-сини детали и црвени опшивки исто така применети на Brabus логото на потпирачите за глава.

Brabus 650 Cabrio може да се добие или како целосно возило или да земете стандарден C63 S Cabriolet и да побарате од тјунерот да ги инсталира сите или само некои од надградбите, во зависност од вашиот буџет и вкус.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.