full screen background image
Search

Renault Sport слави 1 милион фанови на Facebook и го најавува новиот Megane RS!

Спортската дивизија на Renault слави 1 милион следбеници на Facebook и ја искористи можноста да ни го прикаже првиот teaser за новиот Megane RS!

Новиот Megane RS е важен модел за францускиот бренд, и многумина очекуваа Renault да го искористи саемот на автомобили во Женева за да го прикаже новиот хот хеч. Сепак, најверојатно ќе го видиме новиот Megane RS во Франкфурт, во согласност со кратката најава која брендот ја прави со новото видео.

Со краткото видео спортската дивизија на Renault го слави јубилејот од 1 милион следбеници на Facebook, и го најавува новиот Megane RS. Сега за сега немаме никакви информации, но можеме да очекуваме агресивен бодикит, големи тркала, голем заден спојлер и шасија доработена од експертите во Renault Sport. Гласините кои кружат сугерираат дека новиот Megane RS ќе располага со околу 300 коњски сили, и ќе се нуди со мануелен или автоматски менувач со двојна спојка.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.