full screen background image
Search

Toyota Hilux Tonka Concept е ултимативната теренска играчка!

Австралиската дивизија на Toyota и производителот на играчки Tonka го создадоа најагресивниот теренец до сега.

Базиран на Hilux верзијата со двојна кабина, концептот се одликува со црно-жолта шема на бои на каросеријата која добива странични додатоци за проширување на крилата, издигнат отвор за вентилација на хаубата, специјално изработен преден браник со лед светла, изменета задна врата, кровни рефлектори и заден спојлер.

Секако, за полесно преминување преку повисоки препреки тука е и зголемена оддалеченост од подлогата за 150 милиметри, heavy-duty суспензија, тркала со крампонски пневматици од 35 инчи, заштитни плочи направени од 6-милиметри дебел алуминиум, тубуларни странични шини за заштита на шасијата и други надградби.

Под поклопецот се наоѓа 2.8-литарски турбо-дизел агрегат чија излезна сила останува непозната. Сепак, таа погонска единица во сериската изведба располага со 174 кс и 420 Nm вртежен момент на Hilux, а може да биде усогласена со мануелна или автоматска трансмисија.

Toyota не планира да понуди сериска изведба од импресивниот Hilux Tonka Concept, но ќе го изложи на сите настани и саеми за теренски возила во земјата.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.