Новите Alpina B3 и B4 S Bi-Turbo се жестоки конкуренти на BMW M3 и M4 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новите Alpina B3 и B4 S Bi-Turbo се жестоки конкуренти на BMW M3 и M4

Добро-познатиот тјунер на моделите на баварскиот производител направи свои изведби базирани на сериите 3 и 4, кои дури ги надминуваат перформансите на M3 и M4.

Најновите верзии се наречени Alpina B3 S и B4 S Bi-Turbo и се опремени со нови, поголеми турбополначи, подобрен систем за ладење, прилагодена суспензија и репрограмиран софтвер на трансмисијата. Резултатот е 7 проценти зголемување на силата и 10 проценти поголем вртежен момент за конечна испорака од 434 коњски сили и 660 Nm.

Доработениот 3.0-литарски твин-турбо реден шест-цилиндарски мотор е сличен на оној кој може да се најде во BMW M3 и M4, но е за нијанса помоќен. Последните модели на Alpina ги надминуваат нивните „близнаци“ од М дивизијата за скромни 9 кс и не-баш-незначителни 55 Nm.

Луѓето од Alpina изјавуваат дека времето за забрзување на моделите од 0-100 км/ч изнесува 4.2 секунди, додека максималната брзина е 305 км/ч. Со оглед на тоа што нивните изведби се секогаш прилагодени за опуштено возење со големи брзини, тие се перфектни автомобили за совладување долги километражи на германските и европските автопати.

Покрај тоа, додека BMW ги нуди M3 и М4 во седан, купе и кабриолет изведби, Alpina ги нуди истите плус караван верзија, а како опција може да се одбере и погон на сите тркала.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.