Ајде да го започнеме денот со незаменливиот Kimi Raikkonen и она што Ferrari го смета за „автомобил за секој ден“ – GT4CLusso T кој има 602 коњски сили!
Ах, колку одлично би изгледало секојдневието ако навистина имавме Ferrari GT4CLusso T – благодарение на новиот 3.9-литарски турбо V8, овој мега-хечбек има на располагање 602 коњски сили и 760 Nm вртежен момент – и може да постигне „стотка“ за само 3.5 секунди, како и максимални 320 километри на час.
Сосем доволно – за до пазар, за до продавница, за да ги однесете децата во градинка, или пак да „претрчате“ до бербер. Сосем доволно.