full screen background image
Search

Регулаторна: Горивата поевтинуваат!

Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата – кои од вечерва се намалуваат за 2 денари!

Согласно методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените, од вечерва на полноќ малопродажните цени се намалуваат во просек за 3.78 проценти.

Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се намалуваат за 2 денари, и еден литар од овие горива ќе чини 65 односно 67 денари. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото исто така се намалува за 2 денари, и еден дизел гориво ќе чини 52 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.