full screen background image
Search

Aston Martin Rapide ќе оди во пензија за да направи простор за електрична замена

Aston Martin официјално потврди дека привлечниот Rapide наскоро ќе се пензионира, со цел да направи простор за електрична замена која би била повеќе во тек со тековните и идните трендови.


Претседателот на Aston martin – Andy Palmer – потврди за Motoring Magazine дека наскоро Rapide ќе биде заменет со целосно-електричната RapidE варијанта, а понатаму DBX кросоверот и големиот седан со Lagonda ознака индиректно ќе го земат неговото место во гамата на брендот.

„Очигледно, имаме платформа за електричниот Rapide – а тоа значи дека му претстои живот на тој автомобил. Но, она што денес го познаваме како Rapide ќе биде заменет со DBX од една страна, и Lagonda од друга.“ – тој потврди.

Aston Martin го претстави RapidE пред повеќе од една година, и сега за сега не знаеме дали компанијата ќе го задржи истиот дизајн од концептот. Автомобилот има потенцијал за одлични перформанси, бидејќи системот кој го користи RapidE нуди околу 800 коњски сили.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.