full screen background image
Search

Вечерно Кино: Project RX – Првата година на Ford Focus RS RX!

Следете ја првата година во развојот на новиот Ford Focus RS RX, наменет за FIA World Rallycross шампионатот, и погледнете како „службената кола“ на Ken Block од замисла, стана вистински монструм!


Project RX е серија од четири кратки документарци посветени на развивањето на Ford Focus RS RX возилото наменето за World Rallycross шампионатот. Во првиот дел, погледнете ја првата година од развојот на овој автомобил, кој е дело на Ford Performance, M-Sport и Hoonigan Racing Division.

Ford Focus RS RX беше толку успешен од самиот почеток, што и покрај тоа што имаше само еден вистински тест пред почетокот на сезоната, Ken Block и Andreas Bakkerud освоија вкупно седум подиумски финиши, три победи и трето место во шампионатот – во првата година од натпреварувањето!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.