full screen background image
Search

Ограничена Sessantesimo верзија за 60-тиот роденден на Fiat 500

Fiat го прославува 60-тиот роденден на моделот 500 со лансирање на ограничена серија од иконскиот модел на автомобилскиот саем во Женева.

Наречена Fiat 500 Sessantesimo, што на италијански јазик значи “шеесети”, доаѓа само во кабриолет изведба, а ќе започне со продажба од 9-ти Март. Италијанскиот бренд ќе произведе само 500 (500+60) примероци, а сите од нив ќе се одликуваат со двобојна каросерија именувана Dolcevita, која вклучува три-слојна бела боја за долниот и пастелна кремаста нијанса за горниот дел. Двата дела се одвоени со сива и темно црвена линија.

Екстериерот добива и хромирани капаци на ретровизорите, специјални ‘560’ логоа, ексклузивни назнаки на столбовите, изгравирана плоча со редниот број на примерокот и 16-инчни тркала со специјален дизајн.

Кабината е обоена во истата пастелно кремаста и темно црвена комбинација на бои. Така што кремастите седишта имаат контрастни темно црвени детали, а централната конзола и патосниците се обвиени во темно црвена кожа.

500 Sessantesimo добива 7-инчен Uconnect Radio Live екран на допир со Bluetooth, USB, AUX и сателитска навигација, автоматски клима уред, темпомат со ограничување на брзината, кожен волан и рачка од менувач итн. Како опција, Fiat ќе нуди Apple CarPlay и Android Auto поврзаност за смартфон, како и Beats аудио систем, затемнети задни прозорци, би-ксенон светлосни групи и сензори за дожд.

Лимитираниот модел ќе се нуди во избор со два бензински агрегати: 1.2-литарски четири-цилиндарски агрегат со 68 кс и 0.9-литарски два-цилиндарски турбополнет мотор со 95 кс, покрај дизелскиот 1.3-литарски Multijet II со 94 кс.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.