full screen background image
Search

KIA Sportage е Автомобил на Годината во Македонија за 2017

По 22-ри пат е избран Автомобилот на Годината во Македонија, а титулата оваа година ја понесе корејскиот SUV.

Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија повторно го избра автомобилот кој ќе ја понесе титулата. Согласно критериумите за учество во изборот, беа избрани седум финалисти кои конкурираа за титулата. Овогодинешните финалисти беа Citroen C3, KIA Sportage, Peugeot 3008, Renault Megane, SEAT Ateca, Suzuki Baleno Hybrid и Toyota C-HR.

Оваа година титулата Автомобил на Годината во Македонија ја освои корејскиот SUV – новиот KIA Sportage. Ние веќе добро го познаваме новиот Sportage – минатата година имавме можност да го запознаеме во неговата најпопуларна комбинација – со погон на предните тркала и економичниот 1.7-литарски CRDi турбодизел.

Тимот на CARclub.mk му честита на победникот и му посакува понатамошни успеси на македонскиот пазар!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.