full screen background image
Search

Новата BMW Серија 5 пристигна и кај нас!

Серијата 5 – атлетскиот бизнис седан – на баварскиот производител BMW пристигна и во Македонија!

Во соодветна и модерна атмосфера, денес пред македонските медиуми беше претставена Серијата 5 на BMW. Седанот кој носи многу новитети и многу иновации во класата пристигна и кај нас.

Пријатно изненадување беа и изложените примероци од минатите генерации на Серијата 5 кои беа одличен вовед во она што нè очекува. Одлична можност барем накратко да се помине низ историјата на еден од најважните модели на BMW и да се види неговата еволуција низ годините.

Новата „Петка“ носи грст нови технологии и поефикасни и почисти мотори. Благодарение на новата платформа, премиум седанот сега е и до 100 килограми полесен од моделот кој неодамна замина во пензија, а многу компоненти сега се алуминиумски за дополнително намалување на тежината. На самиот почеток се нудат бензинските 530i и 540i кои нудат 252 односно 335 коњски сили, и турбо-дизелските 520d и 530d кои нудат 190 односно 265 коњски сили.

Наскоро очекуваме уште три изведби – ефикасната 520d EfficientDynamics, плаг-ин хибридниот 530i ePerformance, како и спортскиот, 8-цилиндерски 550i. Економичниот EfficientDynamics ќе троши само 3.9 литри дизел гориво на 100 километри, а хибридниот ePerformance само 2 литри гориво на 100 километри – секако во комбинација на бензински четири-цилиндерски мотор и електромотор со вкупна системска моќност од 252 коњски сили.

Погледнете како помина презентацијата на новата BMW 5 Series во Македонија!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.